Ивановски: Општина Центар продаде државно земјиште спроти зградата на Нова Македонија за 7 евра за м2

Од:

Откако пред целата јавност, со детски и пинг-понг игри околу тоа кој има надлежност да ја стопира градбата на облакодерите кај Холидеј Ин, додека играа игри општина Центар и министерството за транспорт и врски и се праќаа меѓусебни писма, се започна бетонизацијата на платото пред Холидеј Ин. Во истиот стил, се разбира истите актери од редовите на СДСМ продолжиле и понатаму рече на прес конференција Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Повторно во општина Центар, овојпат спроти зградата на Нова Македонија, кон приватен инвеститор продаваат државно земјиште за сума од неверојатни 7 евра за м2, поточно смешни 438 денари за м2. За информација, на таа локација земјиште се продава и по многу повисока цена а станбен или деловен простор доаѓа и до 2000 евра. Е тука, продаваат градежно земјиште за 7 евра по квадрат. На истава локација се планира изградба на деловен објект во висина од 15 ката. Значи 15 ката висина, кога ќе помножиме со по 2000 еу за м2 доаѓаме до вредност од 30 000 евра за м2 а општина Центар и министерството за транспорт и врски дозволуваат продажба од само 7 евра за м2. Свесни дека оваа продажба на државно земјиште би изгледала матна во очите на јавноста и затоа буквално во очи на нова година, 29.Дек.2021 министерството за финансии склучува договор, односно носи решение со коешто се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. На ова му претходело договор склучен на 02 Окт 2020 помеѓу градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ со фирмата која како инвеститор бара отуѓување на градежно земјиште во државна сопственост. Цената на оваа спогодба изнесува по 1еу/м2, рече Ивановски.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ