Повторно недоразбирање, пауза и кавга во Комисијата за труд и социјална политика. ДУИ побара од претседателот на Комисијата да ја услогласи комисиската расправа со седницата во парламентот.
Цветанка Иванова објасни дека тоа не е можно бидејќи законот за бранителите за кој веќе тече маратонската расправа во Комисијата, е точка на ред во Собранието.
Ова, рече Иванова се прави поради политичкиот договор за да се билда рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Сузана Анева од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, побара од Иванова да се држи до деловникот и да се воздржи од коментари, кои што рече, се само инсинуација за ситни поени.
Иванова реагираше, треба ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ да престанат со играњето демократија и да ја запрат рашомонијадата и циркусот. Не може, рече, пратеникот од ДУИ со молчење да дискутира, ова да го премолчуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се предлагачи на законот, а Груевски и Ахмети да даваат патриотски изјави. Според неофицијални информации, работата ДУИ ја одолговлекува за да го види епилогот од вечерашната средба Филе – Ахмети.