Иванова: Не е точна изјавата на портпаролот на МТСП

Од:

Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика, Цветанка Иванова реагира на изјавата на портпаролот на Министерството за труд и социјална политика Марјан Гијовски .

„Неточна е изјавата на Гијовски дадена за ВЕСТ во прилогот под наслов „ПОГОЛЕМ СТАЖ,ПОВИСОКА ПЕНЗИЈА“, дека од јануари 2013. пензиската основица не се ограничува на максимум 80%, како што беше предходно, па сега секоја одработена година плус, за жена над 35, а за маж над 40 години, пензиската основица ќе се зголемува за 1,61%“, вели Иванова.

Иванова појаснува дека со предходниот Закон за пензиско и инвалидско осигурување во член 193-б во ставот 2 се вели: „На осигурениците од ставот 1 на овој член за секоја година пензиски стаж, кој е над 40 години пензиски стаж за маж, односно над 35 години за жена, пензиската основица им се утврдува во проценти од дополнителни 1,8 за секоја година пензиски стаж навршен по септември 2007. година.

Тоа значи, вели, дека МТСП и нивниот потпарол не открија „топла вода“, дека сега новите пензионери по 01.01.2013 се привелигирани и ќе добиваат поголема пензија. Привилегијата на пензионерите беше уште многу порано кога за секоја година пензиски стаж над 40 годин–маж и над 35 години-жена пензиската основица им се утврдуваше во проценти од дополнителни 1,80% за секоја година пензиски стаж навршен по 01.09.2007 година.

Прашува, што со осигурениците кои ќе одат во пензија по 01.01.2013 , а имаат наполнето над 35 години пезиски стаж жени, односно над 40 години мажи до 31.12.2012 ?

Тие за секоја година над 35 и 40 пензиски стаж,кои до измените на Законот од 08.08.2013 добиваа за секоја година пензиски стаж над 35 и 40 зголемувањето од 1,80% веќе не го добиваат, туку им се бришат сите години над 35 и 40, како и да не работеле, туку само ако наполнат години по 01.01.2013 ќе им се даде, замислете, по 1.61% и сите тие ќе бидат во „многу поволна положба“ ,зошто пензиската основица не се ограничува на максимум 80%, според кажувањето на потпаролот на МТСП.

„По 01.01.2013 година сите тие што ќе одат во пензија дали имаат над 35 или над 40 години пензиски стаж или пак тие што немаат ни по 35 или 40 години пензиски стаж секако се осакатени , зашто постои намалување на заменската стапка од 1,80% на 1.61% или со еден прост пример: ако жена оди во пензија во мај 2015 година со наполнет пензиски стаж од 35 години по предходниот Закон ќе добиеше 80% од пензиската основица , а по новиот Закон на кој СДСМ жестоко се спротивставуваше , до 31.12.2012 за наполнет пензиски стаж од 31 година и 06 месеци ќе добие 73,7% и по чл 228 ст.2 ќе добие 76,92%. Сами проценете колку е добар новиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување“, вели Иванова во изјава за А1он.

 

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ