Иванова: Комисијата ќе работи секој ден до завршување на Законот за бранители

Од:

Цветанка Иванова, претседател  на  Комисијата  за труд и социјална политика, констатираше дека  ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за само неколку часа, без никаква дебата, вчера,  набрзина изгласа 13 закони предложени од владата и со тоа се создадоа сите предуслови за нормализирање на работа на Собранието на Македонија.

„Земајќи предвид дека вчера претседателот Вељаноски апелираше до претседателите на Комисиите да ја забрзаат работа, за да можат да се исполнат условите законите да може да се разгледаат на пленарната седница, ја користам оваа прилика да ја информирам јавноста дека како претседател на Комисијата за труд и социјална политика ќе го искористам моето деловничко право и обврска за што поефикасно завршување на комисиската расправа по Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на РМ и членовите на нивните семејства “, рече Иванова.

Комисијата, која е матично тело за законот за бранители, од денеска ќе заседава секој ден без паузи, освен вообичаената и ќе работат и по 18 часот. Затоа писмено ќе се обрати до Претседателот на Собранието за да ги обезбеди условите Комисијата да заседава и во петок и во сабота.

 

Би можело да ве интересира

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија