(ВИДЕО) Иванова: Царот е гол, ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за 300 илјади пензионери

Од:

СДСМ ниту била, ниту е против покачување на пензиите. Ние предлагаме, рече Цветанка Иванова, наместо од март пензионерите да добијат зголемени пензии за 5% од јануари.

„Зошто претседателот на Здружението на пензионери, Драги Аргировски се претопи со министерот Спиро Ристовски и зошто влезе во неговата игра?

– Знаеме каква е состојбата во Фондот. Сакаме да го слушнеме Аргировски, дали за нив е поповолно зголемувањето на пензиите од први јануари или од март. Ова е предизборен маркетинг на ВМРО-ДПМНЕ, а не заради грижата за пензионирите“, рече Иванова.

Министерот за труд и социјална политика, Ристовски, рече дека реална можност е зголемување на пензиите од први март, а не од први јануари. Амандманот, рече Ристовски, од опозцијата за поголеми пензии од први јануари е изнуден и неприфатлив и е дневно сцениарио од опозииција.

Иванова реплицираше, дека владата ги користи сите целни групи.

„Ви падна маската. Царот е гол, ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за 300 илјади пензионери“, додаде Иванова.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции