Иванов: Законот за јазици е неуставен и репресивен

Од:

Законот за јазици е неуставен и репресивен, порача денеска претседателот Ѓорге Иванов во годишното обраќање во Собранието.

„Со овој закон заради краткорочни политички поени се доведуваат во прашање трајните интереси на Македонија и македонскиот народ. Барањето за двојазичност е апсолвирано со амдандман 5 од Уставот, кој произлезе од Рамковниот договор, каде се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. За еден предлог-закон да има европско знаменце неоппходно е да постои европска директива, која налага усогласување на македонското законодавство со тоа на Унијата. Таква директива не постои и со овој закон ќе станеме можеби единствена европска држава која сама си поставува услови за членство во ЕУ, што никој не го бара“, рече Иванов.

Според претседателот, нема прецизна терминологија што е официјален јазик, а што е службен јазик. „Законот е репресивен, оние кои тврдат дека овој закон е во согласот со Уставот и законите ќе ги прашам со чиј Устав и со чии закони? По консултации со експерти, можам да кажам дека Законот за јазиците не е закана по македонскиот јазик, туку по унитарноста на државата. Овој закон го крши најголемиот закон на државата – а тоа е Уставот на Република Македонија“, дециден е претседателот.

Г.Н.Р.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Нема да употребам вето за да навредам некој јазик

Ахмети: ДУИ е ураган, ќе биде пружен „невиден отпор“ со секој обид за промена на Законот за јазиците

Костадиновски: Подготвителната седница за Законот за јазици ќе биде одржана од 19 до 21 март

Горан Наумовски

Албанскиот јазик е и ќе остане составен дел од институционалниот живот во земјава порачаа од ВРЕДИ

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Катерина Ѓуровски

Уставен суд ќе одржи подготвителна седница за Законот за јазиците