Иванов: Влезот во ЕУ ќе значи реализација на сите регионални иницијативи

Од:

Сите регионални иницијативи ќе можат целосно да се реализираат по влезот на регионот во Европската унија, одговори денеска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, прашан за иницијативата на министерот за надворешни работи на Црна Гора Игор Лукшиќ, за западнобалканската шесторка односно засилена соработка на земјите од регионот.

– Има многу иницијативи во регионот, меѓутоа целиот регион е фокусиран, пред се, да биде дел од Европската унија, така што, кога ќе бидеме во ЕУ сите регионални иницијативи ќе можат целосно да се реализираат, изјави претседателот Иванов, кој денеска учествуваше на „Спортски Бон-Тон” во Дебар.

Иницијатива на Лукшиќ предвидува соработка на Македонија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија во три области: вложување во инфраструктура, намалување на трансакциските трошоци за стопанството и борба против организираниот криминал.

На новинарско прашање за македонско-албанските односи претседателот Иванов оцени дека со Албанија како наш сосед секогаш сме имале разбирање за сите состојби во едната или другата земја.

– Соседите секогаш изнаоѓаат начин своите проблеми заедно да ги решаваат.  Со Албанија како наш сосед секогаш сме имале разбирање за сите состојби во едната или другата земја. Имало некогаш прашања, но секогаш со дијалог и на највисоко ниво сме се труделе  тие отворени предизвици да ги решаваме во заемна корист на нашите граѓани, затоа што народот е научен да живее без граници. И затоа очекуваме во ЕУ повторно сите да бидеме без граници да комуницираме  како што било некогаш, како што нашите предци занеле да одат преку Драч во Рим, така сега и новите генерации преку соседите да стигнуваат во соседните земји. Мислам дека Албанија секогаш бил добар сосед, а и ние со Албанија сме се однесувале пријателски, рече Иванов.

Би можело да ве интересира

Европратеник: Трамп ја удира ЕУ, a Брисел молчи

А1он

Кина упати сериозна закана до Европската Унија

Нов пакет за Киев: ЕУ нуди постепена интеграција наместо брз пристап

Дизен: Европа е предупредена за голема катастрофа

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата