Иванов: Ви посакувам многу здравје, радост, среќа во текот на целата година

Од:

Иванов и Вељаноски на божикна литургија во Соборниот храм

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска присуствуваа на централното одбележуваше на Рождеството Христово-Божик во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан богослужеше Златоустова литургија.

Иванов по завршувањето на литургијата на граѓаните со православна вероисповед им го честитаа Божик и им посакаа здравје, радост, среќа и личен просперитет.

„На сите што денес го слават големиот христијански празник им го честитам Раѓањето Христово-Божик. На сите им посакувам многу здравје, радост, среќа во текот на целата година. Во духот на нашата традиција посакувам како што сме сплотени за време на празниците така да бидеме целата година, да бидеме меѓу себе солидарни, да си помагаме меѓу себе и да се почитуваме. Христос се роди“, рече претседателот Иванов.

На бадниковата вечер кај претседателот Иванов, паричката се паднала во домот.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Во 2025 година пет продолжени викенди

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак