Иванов упати честитка до бошњачката заедница

Од:

Претседателот Ѓорѓе Иванов, по повод Денот на Бошњаците – 28-ми септември, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Македонија.

„Во мое лично име и во името на сите граѓани на Република Македонија, би сакал најсрдечно да ви го честитам 28 септември, Денот на Бошњаците, и да ви посакам добро здравје, успех и благосостојба.

– Негувањето и унапредувањето на различните култури и традиции, вклучително и бошњачката култура, е во центарот на приоритетите на Република Македонија. Историското присуство на бошњачката заедница во Република Македонија придонело кон физиономијата на современата македонска мултиетничка, инклузивна демократија, збогатувајќи го нејзиниот духовен и културен колорит.

– Значаен е општествениот и културен придонес, кој Бошњаците континуирано го даваат во сите сфери на животот во Република Македонија, зајакнувајќи ги напорите за натамошен демократски и економски развој и евроатланска интеграција на нашата заедничка татковина“, вели претседателот Ѓорѓе Иванов во честитката.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Во 2025 година пет продолжени викенди

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on