Иванов – Реиндерс: ЕУ да превземе итни чекори да го одблокира интегративниот процес

Од:

Ѓорге Иванов, попладнево во Брисел оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс.

Иванов и Реиндерс на средбата размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји при што констатирале дека тие се пријателски и изразиле заемни заложби за нивно постојано унапредување.

Претседателот Иванов изразил благодарност за принципиелната поддршка што Белгија ја дава за аспирациите на Република Македонија за членство во Европската унија и во НАТО и посочи на потребата од нивна што поскора деблокада.

– Со статус-кво состојбата на Македонија и е попречено правото на просперитет. Европската Унија треба да преземе итни чекори и да го одблокира интеграцискиот процес на Македонија, кој е неповратен. Како земја, потребна ни е трансформирачката моќ на интегративниот процес, му порачал претседателот Иванов на Реиндерс.

На средбата, заменик-претседателот на белгиската Влада Реиндерс изразил поддршка на заложбите нa Република Македонија за отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните состојби во Европа, поврзани со мигрантската криза, безбедносните предизвици, при што било посочено на потребата од поинтензивна билатерална соработка и подинамична безбедносна соработка.

На средбата бил изразен взаемен интерес за натамошно унапредување на економската соработка и трговската размена меѓу Република Македонија и Кралството Белгија.

Со оваа средба во белгиското МНР и официјално заврши дводневната посета на македонскиот претседател на европската престолнина. Иванов денеска во Брисле имаше обраќање на форумот Кран Монтана, а вчера се сретна со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ