Иванов се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во Истанбул се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Претседателот Иванов, соопштија од неговиот кабинет, упатувајќи честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, ги поздравил активностите и напорите на Вселенскиот патријарх за обезбедување поголемо единство во православната екумена и за помирување на христијанството со другите религии.

– Во време кога светот се соочува со тешки предизвици, потребна е заедничка посветеност и заложба во одбраната на христијанските вредности и принципи, кои настојуваме да ги споделуваме во духот на дијалогот и меѓусебната почит, истакнал македонскиот претседател.

На средбата биле разменети мислења за повеќе актуелни теми од заемен интерес‎.

Двајцата соговорници разговарале за прашања поврзани со статусот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Претседателот Иванов истакнал дека МПЦ-ОА е жива црква, додека Вселенскиот патријарх изразил надеж дека прашањето ќе се реши. Претседателот Иванов упатил покана до Вселенскиот патријарх да ја посети Република Македонија, по повод одбележувањето на големиот јубилеј – 1000 години од формирањето на Охридската архиепископија.

Претседателот Иванов престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на 21. Евроазиски економски самит.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите