Иванов: Пресудата од Хаг мора да се почитува

Од:

Претседателот Ѓорѓе Иванов изјави дека пресудата од Хаг мора да се почитува и затоа правниот тим ја следеи состојбата зашто повторно во Чикаго била прекршена времената спогодба.

„Правниот тим кој беше ангажиран ги следи сите настани и ќе биде направено она што е во најголема корист за Република Македонија“, изјави претседателот Иванов.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, заедно со министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески и командантот на Командата на НАТО од Мадрид, Алфредо Кардона присуствуваа на досега најголемата меѓународна вежба „Кооперативна долга стрела/Лансер 2012“, која се одржа на армискиот полигон „Криволак“.

На вежбата учествуваат припадници на АРМ и армиите на Азербејџан, Австрија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Грузија, Ерменија, Казахстан, Молдавија, Србија, Украина, Црна Гора и Швајцарија, како земји членки на Партнерството за мир, додека од армиите на членките на НАТО учествуваат припадници на САД и на Шпанија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он