Иванов побара зголемување на буџетот на Армијата

Од:

Како врховен командант се залагам за зголемување на буџетот на Армијата за два отсто со што ќе се подобри стандардот на припадниците на Армијата и ќе се спроведе нејзиното модернизирање. Ова го изјави претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќањето во Собранието.

Тој појасни дека неговото барање произлегува од безбедносните предизвици и нашите аспирации за членство во НАТО и истакна дека АРМ успешно ја извршле својата мисија, особено потенцирајќи ја нивната улогата против илегалната миграција на јужната граница и меѓународните мировни операции.

Иванов рече дека идната мисија на Армијата на Република Македонија ќе се состои во четири задачи.

„Првата задача на Армијата ќе биде заштита на територијалниот интегритет и границите од илегална миграција и учество на АРМ во мировни операции на Обединетите нации во регионите од каде доаѓаат заканите. Потсетувам дека веќе 29 месеци сме во постојана прогласена кризна состојба за заканата од илегална миграција. Имаме превземена обврска за спроведување на одлуката на ЕУ за да го држиме затворен Балканскиот коридот“, рече Иванов

Второ, како што посочи е поддршката на полицијата во борба против урбаниот тероризам на целата територија.

„Оние кои од Македонија заминаа како екстремисти, сега се враќаат како терористи кои ги радикализираат нашите млади. Затоа, мора да има цивилно-воена соработка заради намалување на радикализацијата“, појасни Иванов.

Како трета задача ја посочи поддршката на кризниот менаџмент во справување со природни непогоди и загадувања.

„Четвртата улога на Армијата ќе биде развој на сајбер-одбраната и градење на систем на превенција и заштита на критичната инфраструктура“, рече претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната