Иванов: Не потпишувам, Заев веднаш да покрене постапка за импичмент

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов го повикa премиерот Зоран Заев веднаш да покрене постапка за импичмент, најгласувајќи дека неговиот став во однос на договорот за името е конечен и останува непроменет.

– Го повикувам Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент, вели во пишаната изјава до медиумите претседателот Иванов во врска со вчерашната изјава на премиерот во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Иванов во пишаната изјава реагира на, како што е наведено „сите изнесени невистини и закани од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија.

– Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци, посочува претседателот Иванов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски