А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Иванов: Од вашиот глас зависи каква Македонија ќе имаме

by А1он25/04/2014 - 09:02114
Share0

Ние сме луѓе од збор и држиме до тоа што сме го кажале. Затоа ќе имаме чист образ, доколку ја добиеме вашата доверба, повторно да доаѓаме меѓу вас. Од вашиот глас зависи каква Македонија ќе имаме, порача Ѓорге Иванов, претседателскиот кандидат на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот митинг во Кочани.

Следете a1on на Instagram Instagram

Тој посочи дека во изминатите пет години од неговиот прв мандат покажал  дека ги претставува сите граѓани и оти никогаш не правел разлика на етничка и религиозна основа.

– Претседателот е тој што обединува и што ја претставува државата. Кога сме обединети и силни, тогаш и другите не почитуваат, рече Иванов.

Нагласи дека  за време на кампањата заедно со тимот за Македонија поминале илјадници километри.

– Ги посетивме сите општини. Бевме во многу села. Имавме средби со илјадници граѓани на Република Македонија. Разговаравме со нив. Видовме што оставила транзицијата низ Македонија, но видовме и оптимизам меѓу граѓаните на Република Македонија. Затоа што прават разлика, каква беше Македонија пред 10 години, и каква е Македонија денес, порача Иванов.

Знам, нагласи, дека има уште многу работа, дека многу треба да се вложи и дека многу проекти не очекуваат да ги реализираме. Но, граѓаните веруваат во тоа што го правиме и затоа ни ја даваат нивната доверба.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Граѓаните препознаа дека се менува нешто во политиката во Македонија. Препознаа дека не сме ги изневериле нивните верувања, не сме го изневериле гласот што ни го дале пред пет години, или на претходните избори. Знаат дека сето она што било кажано, е реализирано. Знаат дека имаме чист образ, затоа што стоиме до нашиот збор. Дека не сме давале празни ветувања, и дека не сме зборувале убави зборови, туку знаат да не препознаат по нашите дела, рече Иванов.

Покажавме, додаде, дека, мора од вашите потреби и барања, да произлезат и нашите програми.

– Затоа поднесовме и јас и премиерот Груевски, отчет за сработеното. Но, поднесуваме и нови програми, кои произлегуваат од вашите потреби. Реални програми, кои имаат цел да ја менуваат Македонија. Но да ја менуваат на добро, порача Иванов. 

dpmneizbori

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 09:30

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука

Горан Наумовски15/06/2026 - 07:00

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 16:41

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 12:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто