Иванов не потпишува ниту еден закон на кој има Северна Македонија

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов не потпишa Укази за прогласување на 11 закони, соопшти Собранието.

Како што се наведува, Ианов не ги потпишал Указите за прогласување на 6 закони донесени на 28 февруари: Закон за изменување на Законот за Оперативно-техничка агенција; Закон за ратификација на спогодбата меѓу македонската Влада и Владата на Романија за соработка во областа на образованието, науката, културата, мас медиумите, млади и спорт; Закон за дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија; Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица; Закон за изменување и дополнување на Законот за електронски комуникации; Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловни згради и деловни простории.

Претседателот Иванов не ги потпишал и Указите за прогласување на 5 закони донесени на 4 и на 6 март годинава како: Закон за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност; Закон за изменување и дополнување на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост; Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по договорот за заем за финансирање на проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан; Закон за изменување и дополнување на Законот за субвенционирање на станбен кредит; Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер;

Иванов, според образложението, Указите не ги потпишал, бидејќи во извршувањето на функцијата, секогаш постапувал согласно дадената свечена изјава дека ќе го штити Уставот и, како што вели, ќе ги брани интересите на Република Македонија.

Денеска истекува и рокот во кој претседателот Иванов, треба да ги потпише Указите за прогласување на 3 закони кои се донесени со дво-третинско мнозинство: Закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, Закон за прекршоците и Закон за управните спорови.

За овие закони, според Уставот, член 75, став 3, претседателот е должен да го потпише Указот, за чие изгласување се потребни 80 пратенички гласови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште