Иванов: НАТО од Македонија направи кандидат за гинис

Од:

Секое успорување на интегрирањето на Балканот во ЕУ созадава потенцијални идни конфликти. Ако сакате проблемите да ги врзете за територија настанува конфликт. ЕУ ако го отвори просторот, проблемот на границите се надминува кога тие ќе исчезнат, потенцира претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска на сесијата „Безбедност и стабилност во Југоисточна Европа и Кавказ“ во рамки на 49. Минхенска безбедносна конференција.

Според Иванов, ако ЕУ се умори од проширување, младите на Балканот се уморија од чекање, а ние, потенцира, имаме одговорност пред генерациите кои доаѓаат.

– Ако едни стандарди и принципи важат за оснивачите на ЕУ тие треба да важат и за идните членки. Не може фудбалот да се одвива на тој начин што додека трае играта се менуваат правилата. Затоа ние се чувствуваме погодени, кон Македонија, за нас не важат правилата кои важат за другите држави, туку ние имаме дополнителни услови, истакна меѓу другото претседателот Иванов, додавајќи оти иднината се остварува денес.

НАТО, пак, рече Иванов, од Македонија направи кандидат за „гинис“, имаме 14 акциски планови за членство, 18 ротации на македонски мировници во Авганистан, а ги имаме сите обврски и ризици како учесници, меѓутоа, немаме ниту една привилегија.

– Затоа сме незадоволни од НАТО. ЕУ најде начин да биде иновативна и креативна, отвори дијалог на високо ниво… Ќе се  радуваме ако има таква креативност и од НАТО. Алијансата сепак е архитектура која треба да се гради, е пораката што ја упати македонскиот претседател Иванов на сесијата на која учествуваа и претседателите на хрватска Иво Јосиповиќ, на Азербејџан Илхам Алиев и МНР на грзија и на Казахстан Маја Панџикидзе и Ерлан Идрисов, а претседаваше Марти Ахтисари.

Балканот,  потсети Иванов, доживеа многу трауми во 20 век. Имавме студена војна и жежок мир со распоадот на Југославија. Конечно прв пат на Балканот имаме држави со демократски избрани влади, прв пат младите користат еден јазик-англиски. Ако ние како политичари, констатира тој, не овозможиме нашите држави да влезат што побрзо во ЕУ, тоа веќе го прават младите генерации кои наоѓаат начини тоа да го направат преку социјалните мрежи, не територијално.

– На Балканот денес е можен мир и добро е што ЕУ доби награда за мир за да ги потсети младите генерации дека ЕУ пред се е мировен проект, а потоа политички и економски, рече македонскиот претседател. Тој додаде оти неутрална сила  за оние кои денес живеат на Балакнот е Судот за човекови права во Стразбур, како последна инстанца каде што граѓаните можат да ги тужат и сопствените држави за прекршување на своите права.

Осврнувајќи сена историските факти, за Балканот и за Кавказот, Претседателот на Република Македонија посочи оти претставите за Балканот и за Кавказот секогаш ги создавале другите и затоа Балканот е буре барут, место каде постојано има конфликти и војни. Историјата не учи друго, дециден е Иванов, од 3.000 години пишана историја на светот, 2.700 се војни на планетата, а само 300 години има мир. Да биде парадоксот поголем повлече, најголеми периоди на мир биле на Балканот.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски