Иванов на средба со Бан, побара поголем ангажман на ОН во спорот со Грција

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов синоќа во Њујорк се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун. На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и посредникот во разговорите со Грција, Васко Наумовски.

На средбата Иванов и Бан разговараа за спорот меѓу Македонија и Грција, и разговорите кои се водат под покровителство на ОН.

– Македонскиот претседател го информираше генералниот секретар за проактивниот и конструктивен пристап на Македонија во процесот. Иванов оцени дека со нелегалните блокади на заслуженото членство на Република Македонија во НАТО не се создава амбиент на сигурност и стабилност на Балканот, и затоа ни е потребно Советот за безбедност да опстои на безусловно почитување на своите резолуции, информираат од кабинетот на претседателот Иванов, кој на средбата побарал да се почитува меѓународното право, меѓународните договори и пресудата на Меѓународниот суд на правдата.

Од македонска страна на средбата била изразена оценка дека е потребна поголема посветеност и добра волја од страна на Грција, нешто што во овој момент не постои. Иванов побарал разговорите да се водат во рамките поставени од резолуциите на Советот за безбзедност, Времената спогодба и пресудата од Хаг, и без нивно кршење и надминување.

Од македонска страна повторно било оценето дека се потребни директни средби на високо ниво меѓу двете земји, за да се надмине статус кво ситуацијата во земјата.

– Претседателот Иванов побара од генералниот секретар Бан Ки-мун процесот да добие поголем интензитет и побара поголема ангажираност од страна на генералниот секретар за активност од страна на Обединетите нации во процесот на изнаоѓање на решение за наметнатиот спор со Република Грција, велат од кабинетот на Иванов.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on