Иванов на Спортски бон-тон во Маврово – Ростуше

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како покровител на проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)”  денеска ќе присуствува на спортско-културната манифестација во општината Маврово – Ростуше.

Целта на проектот е да се промовира Спортски бон-тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавање со нивните традиции, култури и обичаи.

Проектот „Традиционални спортски игри (Спортски бон-тон)“ се реализира преку спортско-културни манифестации во општините Велес, Карпош, Маврово-Ростуше, Ново Село, Охрид и во Свети Николе.

Во 2013 година проектот „Социјална и етничка интеграција преку спортот (Спортски бон-тон)“ беше имплементиран во општините Валандово, Кавадарци, Росоман, Аеродром, Дебар, Центар Жупа и во Теарце, додека во 2012 година проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“ беше спроведен во општините Тетово, Прилеп, Центар, Старо Нагоричане, Шуто Оризари и во Врапчиште.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Туристи во костими за капење се качуваат на црквата „Св.Никола“ во Мавровското езеро, предизвикаат жестоки реакции

Катерина Ѓуровски

Во НП Маврово поставени 60 камери за видеонадзор

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Перуанската претседателка Болуарте е разрешена, Хозе Хери станува привремен претседател

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните