Иванов на најголемата воена вежба во Македонија

Од:

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов ќе присуствува на најголемата воена вежба „Кооперативна долга стрела/Лансер 2012“ на „Криволак“.

Заедно со претседателот на меѓународната воена вежба ќе присуствуваат и министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески и командантот на Командата на НАТО од Мадрид, генерал-потполковник Алфредо Кардона.

АРМ ја започна оваа вежба на 21-ви мај, а во неа покрај припадниците на АРМ учествуваат претставници од 15 армии на држави членки на НАТО и Партнерството за мир.

Според кабинетот на претседателот посетата е најавена за 11:45 часот.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он