Експретседателот на Македонија, Ѓорге Иванов смета дека францускиот предлог за отпочнување на преговорите со ЕУ е штетен. Ставот го кажа преку социјалната мрежа „Фејсубк“. Тој посочи дека државата треба ја одбрани народот.
„Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог. Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна. Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство. Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара. Непокорот е единствениот излез. Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас“, напиша Иванов.
Ставот на Иванов доаѓа непосредно пред вечерашниот најавен протест. Поранешниот претседател смета дека треба да се почитуваат црвените линии и да не се преговара, доедка Владата прави и натаму консултации.
Засега е познато дека ќе се консултираат сите политички партии, Собранието, јавноста, но нема најава дека ќе има консултации и со поранешните шефови на државата, меѓу кои е и Црвенковски кој засега нема изнесено став за францускиот предлог. „А1он“ испрати и барање за став до Кабинетот на Црвенковски, но досега, нема одговор.