Иванов инсистира да се формира анкетна комисија за настаните од 24 декември

Од:

За две недели се очекува да почне со работа aнкетната комисија за настаните од 24 декември, чие формирање е дел од договорот меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Бранко Црвенковски, постигнат со посредство на ЕУ.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, според утврдениот план, Комисијата ќе треба да работи брзо и ефикасно бидејќи веднаш по локалните избори треба да се одржи средба на која ќе се разговара за внатрешнополитичката ситуација, вклучувајќи ги и нејзините наоди за настаните од 24 декември.

Ќе ја сочинуваат пет члена – експерт предложен од Иванов, кој воедно и ќе претседава со Комисијата, двајца членови од СДСМ, еден од ВМРО-ДПМНЕ и еден странец. Одлуките Комисијата треба да ги донесе со консензус.

„Дневник“ објавува дека засега ниту една од партиите не покажала интерес за формирањето на Анкетната комисија, иако се обврзале на тоа. Затоа претседателот Иванов деновиве повторно ќе испрати официјални покани до двете партии за да предложат свои претставници.

Комисијата, според планот, треба да ги разгледа настаните што се случија на 24 декември и пред тоа, вклучувајќи ги и нивната уставност, постапувањето на обезбедувањето во и надвор од Собранието и преглед на собраниските процедурални правила во вакви случаи.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски