Иванов и Николиќ ја посетија манифестацијата „Валандовска ракијада 2012“

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов заедно со неговиот гостин, српскиот претседател Томислав Николиќ денеска беа во посета на дојранското село Сретеново и на традиционалната манфистација „Валандовска ракијада“.

По кусата средба во претседателската резиденција во Дојран двајцата претседатели во Сретеново го посетија семејството Ступар, каде срдечно беа пречекани од домаќините кои ги запознаа своите високи гости дека потекнуваат од босанаски Петровац и дека во моментот во Сретеново живее третата и четвртата генерација од семејството.

На Вландовската ракијада, која годинава се одржува по 13. пат претседателите Иванов и Николиќ беа пречекани од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, претставници на јавниот живот и бизнис заедницата, како и од 40 мајстори кои се натпреваруваа во варење ракија.

– Доаѓам во Валандово кога можам. Еве се совпадна официјалната посета на српскиот претседател Николиќ со ракијадата во Валандово и знаејќи дека тој е љубител на подготвување на добра ракија сметав дека нема подобра прилика да се дојде денес во Валандово, истакна Иванов.

Српскиот претседател Николиќ истакна дека ракијата е извонредна, а оти технологијата е иста како во Шумадија.

– И ние имаме такви манифестации кога го одбележуваме крајот на сезоната, кога луѓето печат ракија и кога се одмораат. Тоа е вистинска прилика луѓето да се соберат и да се провеселат. Мило ми е што бев овде, истакна српскиот претседател Николиќ.

Претседателот на Србија Томислав Николиќ од вчера е во официјална посета на Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

Уапсен стружанец кој прегази пешак во Србија, бегал 320 километри

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски