Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Јапонија и на Монголија

Од:

ретседателот Ѓорге Иванов денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Јапонија и Монголија за Република Македонија.

На средбата со Кеико Ханеда, прв резидентен амбасадор на Јапонија во Република Македонија, претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, изразил задоволство од отворањето на јапонската амбасада во Скопје, што претставува уште една потврда за пријателството меѓу двете држави.

– Сигурен сум дека Вашите активности како резидентен амбасадор на Јапонија во Република Македонија ќе придонесат за натамошно подобрување на нашите односи со внесување нови форми и содржини, пред сè на економски план, што ќе се одрази на зголемувањето на видливоста на Јапонија во Република Македонија и на започнувањето плодна економска соработка од која корист ќе имаат и јапонските компании и македонските граѓани, истакнал претседателот Иванов.

Амбасадорката Кеида посочила дека Јапонија придава големо значење за стабилноста и просперитетот на Југоисточна Европа каде што стабилниот развој на Република Македонија има значајна улога, додавајќи дека Јапонија е голем поддржувач на нашата земја за интеграција во евроатлантските структури.

Македонскиот претседател на предавањето на акредитивните писма на амбасадорот на Монголија за Република Македонија, со седиште во Софија, Дашјамц Батсаикхан, нагласил дека и покрај географската оддалеченост на двете пријателски земји, постои заедничка желба и голем потенцијал за посѐопфатно унапредување на меѓусебните односи за доброто на двата народи. Амбасадорот Батсаикхан истакнал дека во наредниот период ќе се посвети на промовирање на постоечките пријателски односи и на унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

Претседателот Иванов на двајцата амбасадори им посакал успешно извршување на одговорната дипломатска функција и им изразил поддршка во вршењето на должноста.

Би можело да ве интересира

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

Почина македонскиот амбасадор во Германија

Ана Ололовска

Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Кристијан Ландов

Назначени тројца амбасадори, меѓу нив и Фрчковски во Обединети нации

Ана Ололовска

ВИДЕО: Конзул преземен од детска градинка, амбасадор од фабрика за чоколади, Османи со анализа на упатените лица од 2006 година наваму

Маја Илиевска-Пачемска