Иванов ги потпиша указите на законите за образование

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, кои беа  изгласани од парламентарното мнозинство.

Кабинетот на претседателот соопшти дека оваа мерка е резултат на извршените анализи и консултации, по кои е констатирано дека земјата има потреба од трансформација на високото образование и студенти и професори кои ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар на знаење.

„Претседателот Иванов доби цврсто уверување од предлагачот на законите дека во наредниот период ќе биде организирана сеопфатна стручна расправа за најсуштествените прашања од сферата на високото образование со релевантните субјекти од оваа област, претставници на студентите и меѓународни експерти за високо образование. Од сите овие активности и инклузивен дијалог ќе произлезе целосно нов закон за високо образование“, стои во соопштението од Кабинетот.

Претседателот ги потпиша законите и покрај незадоволството на дел од студентите и професорите. На  средбата со Професорскиот пленум, тој соопштил дека во овој случај ќе постапи како државник.

 

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Перуанската претседателка Болуарте е разрешена, Хозе Хери станува привремен претседател

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

Вучиќ: Нема повторно да се кандидирам за претседател

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар