Иванов ги посети припадниците на АРМ на Солунска глава

Од:

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска ги посети припадниците на АРМ во армискиот објект на Солунска глава.

За време на посетата, претседателот Иванов беше придружуван од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески. Посетата беше искористена за обиколка на објектот, како и за запознавање со условите за живот и работа, должностите и обврските на припадниците на АРМ, кои задачите на овој издвоен објект ги извршуваат непрекинато во исклучително сложени услови.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он