Иванов-Ердоган: Македонија и Турција со одлични билатерални односи

Од:

Билатералните односи меѓу Македонија и Турција се одлични, на ниво на традиционално пријателство, со сите елементи на стратешко партнерство и со уште поголем потенцијал за севкупна соработка на чие искористување треба да се работи во наредниот период.

Тоа е оценето на денешната средба на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, што се одржа на маргините на 5. Глобален форум на Алијансата на цивилизациите.

Како што јави известувачот на МИА, Иванов го запозна Ердоган со актуелните состојби во евроатлантските интеграции на Македонија и со предизвиците и блокадите со кои се соочува државата на тој план.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации и за состојбите во регионот на Балканот, како и за прашања од надворешно политички интерес за двете земји.

Иванов денеска имаше средба и со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, а се обрати и на отворањето на форумот. Во тек на престојот во Австрија македонскиот претседател се сретна со неговиот австриски колега Хајнц Фишер, како и со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер и со заменик-генералниот директор на Организацијата на Обединетите нации за индустриски развој (УНИДО) Таизо Нишикава.

Би можело да ве интересира

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии

Среќна грепка – за помалку од две евра доби награда од над 142.000 евра

А1он

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел

Турција го реорганизира рударството за да ја намали зависноста од увоз, Македонија не го активира ниту потенцијалот на Иловица

(ВИДЕО) Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но ако нè нападнат – ќе возвратиме

Подобрена e состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода