А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Иванов: Двата Илиндена се светилник на борбата за сопствена држава

by А1он01/08/2012 - 11:11394
Share0

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните на Република Македонија и до сите Македонци ширум светот.

Добивај вести на вибер

„Би сакал најсрдечно да ви го честитам 2 Август, Илинден – Денот на Републиката. Благодарение на двата Илиндена, 1903 и 1944, кои се светилникот на нашата борба за сопствена држава, денес имаме можност да живееме во демократска, независна Република Македонија.И по 109 години од Илинденското востание и 68 години од Заседанието на АСНОМ, идеалите на илинденците и на асномците се дел од нашето секојдневје и дел од визијата за нашата иднина – просперитетна Република Македонија, држава на рамноправни граѓани. Затоа со полно право денес имаме причина за славје и гордост. Празнувајќи го и овој Илинден во Република Македонија и насекаде низ светот, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја. Врз темелите што тие ги поставија опстојува современа и самостојна Република Македонија“, се вели во честитката за 2 Август.

Иванов порачува, во време на нови искушенија и предизвици,обединети и сложни да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.

Иванов ќе говори на собирот во Крушево, а претседателот на Собранието на Пелинце.

praznicipretsedatel

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он26/03/2025 - 15:56

Во 2025 година пет продолжени викенди

Катерина Ѓуровски01/01/2025 - 08:26

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

Анита Петровска Рајковиќ04/06/2024 - 11:11

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on13/05/2024 - 13:4113/05/2024 - 13:51

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on09/05/2024 - 14:4709/05/2024 - 14:48

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on09/05/2024 - 13:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен