А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Иванов: Дадената доверба не обврзува да продолжиме со истиот интензитет

by А1он23/04/2014 - 21:06137
Share0

На 13 април вие ја направивте разликата. Се надевам дека на 27 април ќе имаме помасовно излегување и гласање за да имаме двојна победа, победа на претседателските избори и победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, за листите на пратеници. Дадената доверба од вас, не обврзува да продолжиме со истиот интензитет, да градиме економски успешна и просперитетна европска Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова вечерва на митинг во Свети Николе, го истакна кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓорге Иванов.

– Ние сме луѓе од збор. Тоа што го кажуваме, тоа и го исполнуваме. И затоа поднесуваме отчет. Покажавме дека кога соработуваат институциите во Македонија, можеме да се соочиме со секој предизвик. Покажавме дека ни е неопходно заедништво. Заедно да се бориме сите за секој граѓанин на Република Македонија, за секоја категорија на граѓани на Република Македонија, потенцира Иванов.

Затоа, како што рече, сме и денес пред вас, повторно да бараме доверба, доверба за да ги оствариме програмите во континуитет, да го оствариме она што е проверено, да биде Македонија економски силна и развиена држава, да биде членка на ЕУ и на НАТО, да биде отворена кон светот, да биде напредна земјоделска земја, земја во која младите ќе добиваат квалитетно образование, ќе создаваат свои семејства, и ќе оставаат свое потомство, Македонија да биде земја на солидарноста.

Следете a1on на Youtube YouTube

– За тоа се бориме, и за тоа ја бараме вашата доверба. Мојот приоритет ќе биде економскиот раст и развој на Република Македонија. Да ја направиме Македонија уште попривлечна за странски инвестиции, за отворање на нови работни места. За само неколку недели видовте кои се инвестиции доаѓаат во Македонија, и ќе продолжат да доаѓаат. Затоа нашите зборови не се празни зборови, не се празни ветувања. Покажавме кога се работи тимски, земјата напредува, посочи Иванов.

Нагласи дека Свети Николе за многу кратко време ќе ја види користа од заедничката работа на институциите во Република Македонија.

– Сето тоа е направено во услови на голема светска економска криза и европска должничка криза. Во такви услови македонската економија забележува раст. Како претседател поддржувам политики кои даваат видливи резултати, рече Иванов и додаде дека поддржува проекти кои ги вклучуваат сите институции и сите граѓани без разлика на нивната етничка, или религиозна припадност.

Кога работиме, укажа тој, работиме за секој граѓанин во Република Македонија, затоа што сите сме Македонија, сите ја чиниме Македонија.

– Мора да се води грижа за секој граѓанин на Република Македонија. Да имаме повисок стандард, да имаме подостоинствен живот за нашите граѓани. Сето она што го имавме досега сведочи за нашите заложби. Кога економијата расте, се расте во државата. Тоа го чувствуваат пензионерите со повисоките пензии, земјоделците со субвенциите, учениците со бесплатните учебници, студентите со стипендиите. Но го чувствуваат и ранливите групи во Македонија, луѓето на кои им треба помош. Затоа се грижиме за нив, и затоа има социјална помош за тие категории на граѓани, истакна Иванов.

Во недела на 27 април, укажа тој, вие одлучувате каква Македонија ќе имаме.

– Вашиот глас одлучува каква земја ќе оставиме за нашите потомци. Од вашиот глас зависи како ќе функционира нашата држава, нашите институции. Од вашиот глас зависи иднината на Македонија. Знаете што направивме и знаете дека сте на сигурно. Добро не познавате. Знаете дека не даваме лажни ветувања. Знаете дека сме луѓе од збор, луѓе кои го исполнуваат ветеното, и зад себе оставаат дела. Македонија оди по патот на напредокот! Македонија се гради! Тоа е нашиот заеднички успех, успехот на Македонија, посочи Иванов.

Секој глас, како што истакна, е важен на 27 април.

– Вашиот глас е да продолжат реформите, да продолжи привлекувањето на нови инвестиции. Да се продолжи со градење на нови фабрики и отворање на нови работни места. Да продолжат да се градат автопатишта и улици. Да се гради сето она што е потребно за достоинствен живот на граѓаните на Република Македонија. Јас верувам во вашиот избор! Јас верувам во вас, како што сите ние веруваме во нашата држава – Република Македонија, додаде Иванов.

dpmne

Би можело да ве интересира

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Катерина Ѓуровски21/05/2026 - 12:15

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Катерина Ѓуровски17/05/2026 - 10:57

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 13:5412/05/2026 - 14:39

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 10:00

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Катерина Ѓуровски10/05/2026 - 13:13

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 14:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто