Иванов: Да им се посветиме на семејствата

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска на сите православни верници им го честита големиот празник Христовото воскресение – Велигден.

– Христос Воскресе-Навистина Воскресе. За многу години да ни е Велигден. На сите христијани кои денес го слават овој голем празник им посакувам се најубаво, многу здравје, радост и среќа во животот. Да има многу добрини и убавини, изјави Иванов, кој присуствуваше на Светата Златоустова литургија во соборниот храм „Св.Климент Охридски“.

Како што сме сложни и обединети овие денови, потенцира Иванов, така да бидеме и во државата, сите што живееме, за просперитет и успех на сите нас.

– Да им се посветиме на нашите семејства, особено на нашите деца. Да им даруваме многу љубов, радост и да им даваме многу надеж. Кога сме обединети можеме да ги совладаме сите предизвици со кои се соочуваме за добро на сите нас што живееме во Република Македонија, рече Иванов.

Би можело да ве интересира

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Државниот врв на Велигденски ручек

А1он