Иванов: Академските граѓани се движечка сила за развој на општеството

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ги прими студентите со највисок просечен успех на факултетите од областа на општествените науки при Државниот Универзитет во Тетово.

На средбата со триесеттината најдобри студенти, како што соопшти кабинетот на Иванов, биле споделени видувања и ставови во насока на подобрување на квалитетот на образовниот систем во Македонија.

Претседателот Иванов истакнал дека од особено значење е унапредувањето на практичниот дел од наставата, кој суштински ги подготвува студентите за совладување на професионалните вештини. Во тој контекст, тој го потенцирал инвестирањето во процесот на обука и доусовршување на наставниците, што претставува една од клучните заложби во рамки на европските и светските образовни текови.

– Во моите континуирани средби со најдобрите студенти од повеќе Универзитети низ земјава, постојано нагласувам дека академските граѓани се движечка сила на процесот на развој и напредок на нашата земја. Знаењето и искуството кои ќе ги стекнете во образовниот процес, треба во иднина да ги вложувате во развивање на сите аспекти на општеството, порачал претседателот Иванов.

Зејџана Османи, студентка од трета година на Факултетот за политички науки на диспензираните студии на ДУТ во Скопје, смета дека во иднина треба да има повеќе дебати од ваков тип и со другите државни институции и со повеќе фактори во државата кои ќе ги согледаат студентските проблеми.

– За мене лично оваа средба беше посебно значајна бидејќи имавме можност со претседателот на државата да дебатираме отворено за сите наши, проблеми, прашања и барања. Разговаравме за условите на Универзитетот, за студиските програми, соработката на нашиот Универзитет со други универзитети, како и соработка со компании, истакнала Османи.

Магдалена Божиновска, студентка на Филолошкиот факултет на наставна програма по македонски јазик и литература, изјави дека предмет на дискусија на средбата првенствено, бил Болоњскиот систем.

– Тоа што недостига моментално е практична работа и настава, како кај нашиот Универзитет така и кај другите. Сакам да изразам голема благодарност до претседателот Иванов кој што не прими тука во неговиот Кабинет за да ги слушне нашите идеи и проблеми во врска со досегашното и понатамошното студирање. Целта, се разбира, е да имаме што подобри резултати и поквалитетно студирање, вели Божиновска.

На средбата биле разменет мислења и за актуелните можности за студентски размени со странски универзитети, олеснување на пристапот на студентите до стручни книги и дата-бази на податоци, како и за подобрување на студентскиот статус преку вклучување на студентите во проекти организирани од факултетите и унапредување на соработката со институциите преку истите. Воедно, претседателот Иванов им честитал на најдобрите студенти од Државниот Универзитет во Тетово за досега постигнатиот успех и им посака уште поголеми достигнувања на академски и професионален план.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов

ДУИ официјално го промовира Османи како кандидат за претседател

А1он