Итната медицинска помош со здравствени услуги 24 часа и препораки до граѓаните

Од:

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во рамки на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје-Скопје, информира дека за време на новогодишните празници ќе дава здравствени услуги  во текот на 24 часа, со 22 медицински тима за ИМП и осум дежурни ординации во поликлиниките.

Со оглед на временските неприлики и претстојните прослави на новогодишните празници, Службата препорачува редовно земање на терапија кај хроничните болни, да не се излегува надвор без неопходна потреба заради ниските температури и лизгавите површини со цел да се избегнат евентуалните повреди и скршеници, при излегување надвор да се носи топла облека и соодветни обувки како и да се консумираат топли напитоци, умерено користење на алкохолни пијалоци за да се избегнаат несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди,

Посебено се апелира до младата и малолетна популација за некористење алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот и воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Вработените од Службата за ИМП, посочуваат оттаму, искрено се надеваат на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки со цел новогодишните празници да се поминат во весело и пријатно расположение.

Би можело да ве интересира

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството