Итната медицинска помош доби 69 возила

Од:

Итна медицинска помош доби 69 нови врвно опремени возила марка Рено.

Возилата се опремени со ЕКГ апарат, дефибрилатор, телемедицина, со надворешен пејсмејкер, респиратор и друга опрема, и кои ги задоволуваат најновите еколошки стандарди.

Станува збор за набавка на 69 комплетно опремени амбулатски возила би рекол подвижни болниции и едно специјално педијатриско возило во износ од 275 милиони денари, што е околу 4,5 милиони евра. Водиме сметка сите градови да добијат по едно возило. За Скопје планираме да има минумум 10 возила. Ова е едно од ветувањата со кои излеговме пред граѓаните. Ветивме дека ќе набавиме 50 амбулатски возила за потребите на Итната медицинска помош, ние набавивме 70, рече министерот Тодоров.

Тодоров посочи дека набавка за таблет компјутери кои ќе бидат поставени во сите амбулатни возила на кои ќе бидат поставени сите протоколи и упатства особено протоколот за ИМП со можност за гласовно пребарување за десетте најфреквентни причини за транспорт со ИМП.

Министерот истакна дека возилата располагаат со најсовремени системи за стабилност.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!