Демократскиот сојуз (ДС) предлага најитно одржување лидерска средба на сите политички партии со цел договорање платформа за излез од политичката криза.
– Наместо протести и контра протести, повикуваме на политички дијалог како начин за надминување на длабоката политичка криза која се заканува да ја дестабилизира државата, соопшти партијата.
Според ДС, Собранието на Република Македонија треба да одржи вонредна седница на која ќе се расправа за актуелната политичка состојба и да усвои Платформа со конкретни чекори за надминување на кризата.
– Воедно укажуваме на потребата од воздржаност и разумност за да се спречи ескалирање на состојбите и да се превенираат можни последици по учесниците во протестите и припадниците на полицијата, стои во соопштението на Демократскиот сојуз.