Повеќе истрели во два одделни случаи ноќта кон неделата го вознемирија населението во скопското село Арачиново, но за среќа нема повредени.
А. Р. вчера околу 20 часот во СВР Скопје пријавил дека Ш.Б. и И. Б. од пиштол испукале три проектили во неговата куќа лоцирана на ул. „10“ во село Арачиново.
Во разговор со полицијата А.Р. изјавил дека причина за пукањето било меѓусебно недоразбирање. Од проектилите нема повредени лица, а на местото на настанот е извршен увид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска околу половина час по полноќ граѓанин во СВР Скопје пријавал дека во село Арачиново кај старото училиште се слушало пукање од автоматско оружје.
Полицијата од терен дознала дека непознати лица додека се превезувале со патничко возило пукале кон паркиран автомобил БМВ. Од испуканите проектили немало повредени лица. На местото на настанот е извршен увид и СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.