Истражување за вклученоста на децата со посебни потреби во редовното образование

Од:

Во редовните училишта во Македонија има запишано вкупно 2.235 ученици со попреченост, од кои 85 процени или 1.902 учат во редовни паралелки, додека 15 отсто или 335 во посебни паралелки, покажува Извештајот од спроведеното истражување за вклученоста на децата со посебни потреби во редовното образование.

Извештајот во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3. декември го промовираа Народниот правобранител Иџет Мемети и Заменик претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ Елспет Ериксон во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром.

Народниот правобранител Иџет Мемети рече дека истражувањето претставува голем чекор за согледување на состојбите со инклузивноста на децата со посебни потреби во редовното образование, затоа што тоа детектира слабости.

– Детектира слабости од формална гледна точка. Препорачуваме властите да го подобрат системот и усогласат со меѓународните документи, да го подигнат нивото на правната регулатива, како и да создадат и човечки и материјални услови за децата со посебни потреби да се вклучат во редовното образование. Во Македонија има само 20 такви училишта и ние потикнуваме да има повеќе, рече Мемети.

Посочи дека има мал број на претставки од родителите на децата со посебни потреби, но дека тие се третираат и Народниот правобранител реагира на таквите барања.

Заменик претставникот на Канцеларијата на УНИЦЕФ Елспет Ериксон рече, дека секое дете има право на квалитетно образование кое што го почитува и промовира неговата различност и му озбезбедува можности за оптимален развој на своите потенцијали.

– Инклузивното образование е начин на воспитување, наставна програма, наставници, родители, каде сите работат заедно за поддршка на вклученоста на сите ученици на најдобар можен начин за нивен најдобар развој. Инклузивноста на ученици со посебни потреби не треба да се смета како додаток на училиштата, туку како интегриран дел од образованието за сите, рече Ериксон.

Според извештајот, наспроти тешкотиите во спроведувањето на инклузивното образование, материјалната и кадровска неопременост, отсуството на соодветна поддршка на училиштата 89 проценти од децата со посебни потреби кои биле запишани успеале и да го завршат соодветното ниво на образование.

Во однос на неопходноста од инклузивно образование, резултатите од истражувањето покажуваат дека 90 проценти од училиштата имале позитивен став и 70 отсто оцениле дека екстерното образование не е прилагодено на учениците со посбени потреби. 

Извештајот е направен во периодот од септември 2015 година до април 2016 година врз база на податоците од анкетните прашалници доставени до сите основни училишти во Република Македонија, како и од спроведената анализа на законската регулатива. Истражувањето е на Народниот правобранител на Република Македонија со финансиска помош од УНИЦЕФ, а спроведено од Центарот за човекови права и разрешување на конфликти.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза