Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Од:

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело изнуда.

„Во временскиот период од август 2024 година до септември 2024 година и повторно од март до средината на септември годинава, осомничениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, со сериозна закана присилувал еден оштетен да му исплаќа пари.

Жртвата за првпат ја исконтактирал во август 2024 година кога му побарал и добил од оштетениот парична донација за учество на спортски натпревар. Но, по оваа средба, повторно го контактирал и барал пари од оштетениот за исплата на наводен долг кон трето лице, без притоа да наведе износ.

Оштетениот најпрво го игнорирал ваквото барање, појаснувајќи дека не должи никому, но тогаш осомничениот започнал да му испраќа СМС пораки, гласовни пораки, пораки преку социјалните мрежи и преку познати лица со сериозни закани дека ќе го нападне физички или ќе го убие ако не ги добие парите.

Осомничениот 42-годишник не престанал со јавувања и вознемирување на оштетениот, кој конечно се исплашил за себе и за своето семејство и прифатил да му даде парични средства на осомничениот, но тој да вети дека ако добие еднаш повеќе нема да бара пари од него. Во тој момент осомничениот побарал износ од 2.000 евра од оштетениот за наводно да ги однесе своите внуци од брат на одмор.

По пријава од оштетениот, истражители од Истражниот центар на ОЈО Битола во соработка со СВР Битола, изготвија план за контролирана испорака на паричните средства. Била договорена средба во деловните простории на правното лице каде оштетениот е управител. Осомничениот на средбата ги презел парите кои биле претходно крим – технички обработени. Веднаш потоа бил претресен од полициски службеници, парите биле пронајдени кај него, а тој бил лишен од слобода.

Станува збор за прва целосна оперативна акција на Истражниот центар на ОЈО Битола, реализирана во соработка со СВР Битола. Истражниот центар официјално започна со работа на 1 август годинава.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола денеска достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Уапсени се насилниците кои од Швеѓанец земаа блузата на која имало исцртано глава на орел

Горан Наумовски

Маж од Австралија е пронајден починат во хотел во Битола

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

Габриела Илиевска од „Поинаку“ кандидатка за градоначалничка на Битола

Левица: Разрешениот началник е во роднински врски со актуелниот началник на СВР Битола

Во Битола и околината е почувствуван земјотрес, епицентарот бил во Грција