ВИДЕО: Истрагата на СЈО за лажни патни налози може да се прошири за уште еден пратеник

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека истрагата за „Друмарина“, која се води за Силвана Бонева, може да се прошири за уште еден пратеник. Јанева рече дека можно е и јавното обвинителство да истражува дали уште еден пратеник давал лажни фискални сметки за патни налози, но не го откри неговото име.

Во случајот „Друмарина“ на СЈО експратеничката Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ се сомничи дека сторила измама во службата, а во врска со патните трошоци. Осомничената, додека била пратеничка, од 2011 до 2015 година, до службите поднесувала лажни фискални сметки од патарини како да присуствувала во парламентот. Но, СЈО има докази дека не патувала, туку имала сместување во Скопје.

Бонева прикажала 843 патувања, но анализата покажала дека доколку биле реални, требало да има поминати 235.928 километри со своето возило, а реално имала поминато 133.520 километри. Бонева не ги направила прикажаните трошоци и изнудила незаконска исплата од буџетот на 100 илјади евра.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Силвана Бонева ослободена од обвинението за патните трошоци

Горан Наумовски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска