Истрага за изнуда во Скопје, предложен притвор за двајца осомничени

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 36 и 34 години, за кои постои основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Изнуда од член 258 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

– Двајцата осомничени заедно, со употреба на сила и сериозна закана, поради наводен долг и нерасчистени должничко-доверителски односи, од едно лице од Крушево одзеле автомобил БМВ и апарат за испитување на подземни води, во вкупна вредност од околу 17.500 евра. Потоа му барале 6.000, а подоцна и 12.000 евра за да му го вратат одземеното. На 27 декември се сретнале со оштетениот во угостителски објект во трговски центар во Скопје за да им ги предаде парите. Банкнотите претходно биле криминалистички обработени, а полициски службеници веднаш ги лишиле од слобода двајцата осомничени, соопшти Обвинителството.

„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, оценувајќи дека постои опасност да се дадат во бегство, да влијаат врз сведоците или да го повторат делото“, се додава во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај