Истрага за илегално одгледување канабис во демирхисарско

Од:

Основното јавно обвинителство Битола извести дека донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 43-годишен жител на селото Вардино, општина Демир Хисар, во дворното место зад неговата куќа засадил 32 стебла канабис, до кои спровел систем за наводнување „капка по капка“. Растенијата ги пронашле полициски службеници кои извршиле претрес на 26 август, соопштува Обвинителството.

– Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена за осомничениот, поради опасност од бегство, можност да го повтори делото или да се обиде да ги прикрие трагите и да влијае врз сведоците, се наведува во соопштението на Обвинителството.​​

Би можело да ве интересира

Балканска шверцерска група падна со 79 килограми марихуана на македонско-грчката граница

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Акција во Прилеп: Полицијата уапси дилер на марихуана

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија

Нови седум осомничени за транспортот на марихуана од Македонија во Србија

А1он

ВИДЕО: МВР објави снимка од марихуаната која од Македонија тргнала за Турција ,а беше запленета во Солун