Истрага за две лица кај кои е пронајден кокаин

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што соопштуваат од Обвинителството, осомничените, албански државјани на возраст од 21 и 43 години, на вчера околу 22:40 часот на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, во близина на „Ростушко анче“, во нивното возило „Фолксфаген туарег“ со албански регистарски ознаки, превезувале 25 грама кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес од страна на полициски службеници, по што лицата биле задржани во полициска станица и за нив по документирање на случајот е поднесена кривична пријава во Основното јавно обвинителство Гостивар.

Со цел обезбедување натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар достави предлог за определување притвор за осомничените, информира Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари