Истрага против две лица во Штип за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици

Од:

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од Кривичниот законик.

„Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици. Првиот осомничен управувал автомобил „Опел астра“, а вториот осомничен – автомобил „Сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип. Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата “Брегалничка“, еден позади друг. Доближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока. Во тој момент, во таа лента се движел автомобил „Југо“, во кој се превезувале двајца сопружници. Возачот на автомобилот „Југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил. Како резултат на сударот и здобиените повреди, во несреќата починале двајцата сопружници.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судот го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Полицијата го уапси возачот кој во Маџари тешко повреди девојче и избега од местото на несреќата

Во Маџари тешко е повреденo 11-годишно девојче, возачот избега од местото на сообраќајката

Горан Наумовски

Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ

Пијан млад човек помина на црвено во Белград: Усмрти татко, мајка и дете

Камион удри во банкина на клучката „Хиподром“, возачот заврши во болница