Двајца штипјани загинаа во тешка сообраќајка

Од:

Вчера вечер околу 23.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на улицата „Брегалничка“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“, управувано од 68-годишниот Г.П. од Штип и патничко возило „опел астра“, управувано од 19-годишниот Д.Ш. од Штип, двете со штипски регистарски ознаки, извести МВР.

– На местото на несреќата, од здобиените повреди починале возачот на возилото „југо“ и неговата сопатничка 62-годишната Ј.П. од Штип, додека возачот на возилото „опел астра“ се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип, соопшти МВР.

Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип, а увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва