Историска комисија: Утврдувањето на етничкиот идентитет на Гоце Делчев не е наша работа

Од:

Утврдувањето на етничкиот идентитет на личности од историјата каков што е случајот со Гоце Делчев не е работа на историската комисија, ниту целта на нејзината работа е менување на историските факти.

Ова го истакнаа од историската комисија во однос на постојаното барање на Бугарите да ја прифатиме нивната историска вистинаа дека Гоце Делчев е етнички Бугарин.

Комисијата ги соопшти препораките за заедничко чествување на личности и менување на учебниците со факти од средниот век, но посочи дека вистинските проблеми ќе дојдат кога на маса ќе се најдат 19-от и 20-от век кога ќе се зборува за Гоце Делчев, Илиденското востание, Втората светска војна и Холокаустот.

– Кога ќе се разговара за 19. век и 20. век ќе биде најтешко. Ќе дојде и периодот на Втората светска војна кога нашиот сосед ќе мора да се соочи со своето минато и своите трауми – истакнаа од комисијата.

Оттаму откриваат дека наративот кај бугарските колеги постојано бил дека Македонија е бугарска историска земја и тој пристап воопшто не е променет воопшто во последните 70 години.

– Често сведочиме како колегите од Софија неосновано не обвинуваат дека ја фалсификуваме историјата и притоа се користи политички речник. Ние сме на критика и од домашната јавност со истиот тон. Не критикуваат дека работиме под директива на политиката и дека правиме предавство и дека комисијата нема легитимитет да разговара за историјата. Во тие препораки што ние ги договоривме во ниту еден сегмент препораките не допираат во идентитетот на македонскиот народ – рекоа историчарите.

Тие велат дека нивната автонимија е запазена и дека не подлегнале на политички притисоци и сугестии. Притисокот, велат, бил на другата страна посебно во времето на претходната политичка гарнитура во Бугарија.

Комисијата се водела од современите истражувања на историската наука и од препораките на Советот на Европа и од УНЕСКО кои имаат издадено прирачници како да се третираат историските недоразбирања.

„Нема бришење на историски факти, тие не ни можат да се избришат. Целта на комисијата не е да одредува како да се чита македонската или бугарската историја“, велат од комисијата.
Македонските членови на комисијата брифираа дека Бугарија не сака да прифати вклучување на меѓународни експерти по историја, затоа што знаат дека така ќе бидат на тенок мраз за одредени историски периоди. Тие сметаат дека и покрај се, треба да продолжат разговорите затоа што имаат капацитет да ја истераат работата до крај.

Денес комисијата ги објави препораките за заедничко чествување на Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и Цар Самоил, како и препораки кои се однесуваат на бугарскиот учебник по историја за петто одделение и македонскаиот учебник за шесто одделение во врска со античкиот период од историјата.

Би можело да ве интересира

Димитров: Се надеваме дека ќе има добра волја за заеднички јазик со македонските историчари

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Ќе има истрага за хонорарите на членовите на Историската комисија

Мицкоски: Наскоро ќе се знаат новите членови на мешовитата историска комисија

Откриена биста на Гоце Делчев во Пустец