Испратено барање до Бугарија за екстрадиција на Игор Спасов

Од:

Македонија и официјално побара од Бугарија екстрадиција на Игор Спасов, откако во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото, соопштуваат од Министертсвото за правда.

Барањето за екстрадиција, како што информираат, е потпишано министерот за правда Бојан Маричиќ.

Поранешниот припадник на специјалните едници на МВР – Игор Спасов, кој е осуден за убиство на Мартин Нешкоски, беше уапсен во Софија на почетокот на месецот .

Спасов е осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на плоштадот во Скопје на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2011 година.

МВР распиша меѓународна потерница за Спасов на крајот на октомври 2019 година откако тој не се врати во затворот по завршување на лекувањето. Тој се бара за доиздржување на казна затвор од седум години и три месеци, стои на веб страницата на нашето МВР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Екстрадиран Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски – полицијата го спроведе во „Идризово“

Кристијан Ландов

Бугарскиот амбасадор очекува за неколку месеци да заврши постапката за екстрадиција на бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Екстрадицијата на Спасов неизвесна, Бугарија досега одобрувала, но и одбивала да испорача осуденици во Македонија

Кристијан Ландов

Игор Спасов бил уапсен во Софија поради семејно насилство

Ана Ололовска

Бегалецот Игор Спасов е уапсен во софиската населба Младост по добиена дојава

Ана Ололовска

Во Бугарија уапсен бегалецот Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешкоски

Кристијан Ландов