Исплатата на пензиите ќе започне на 30 август

Од:

На денешната владина седница по усвојувањето на Информацијата за исплата на пензии за месец август 2022 година од Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е задолжен да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 29.08.2022 година.

Исто така се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток ),

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.09.2022 година (петок).

Би можело да ве интересира

Советот за социјална сигурност усвои зголемување од 8,4 проценти на пензиите

Пензиите во март ќе се зголемат за 8,4 проценти

Банките ги затвораат банкоматите во Германија, граѓаните остануваат без пари

Дознаките на албанските иселеници минатата година 1,1 милијарда евра или 10 отсто од БДП

Исплата на пензиите од 30 јануари

Ана Ололовска

Ковачевски: Од утре исплата на јануарската финансиската поддршка за пензионерите, од март ново усогласување на пензиите

Ана Ололовска