Исмајлоска: Пратениците на СДСМ да ги поддржат измените за породилно отсуство

Од:

Пратеничката Нола Исмајлоска – Старова денеска изјави дека новата Влада не ги исполнува предизборните ветувања дадени пред граѓаните и оти се обидува да ги задуши граѓанските иницијативи.

Осврнувајќи се на граѓанската иницијатива за продолжување на породилното отсуство врз чија основа се поднесени и предлог законски измени, Исмајлоска рече дека Владата нема капацитет да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните и да ги исполни дадените ветувања.

– Имено, вчера во медиумите се појави извадок од Нацрт-записникот од Седмата седница на Владата на Република Македонија, каде новата министерка за труд и социјална политика во владата на СДС, Мила Царовска, информира дека треба да се завземе негативен став и го одби барањето за продолжување на породилното отсуство поради наводни финансиски импликации. На овој начин, Царовска и СДС очигледно се обидуваат на секој можен начин да ја задушат граѓанската иницијатива, иако во предизборието на големо ветуваа дека токму граѓанските иницијативи секогаш ќе ја имаат нивната поддршка, рече Исмајлоска.

Таа апелираше до пратениците на СДСМ и нивната коалиција да опстојат на нивните предизборни ветувања и да ја поддржат намерата за измена на Законот за работни односи за продоложување на рокот за породилното отсуство на мајките.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски