Исмаил: Работам за да дојде нова власт која ќе направи ревизија на се

Од:

Ѓунер Исмаил , како што претходно најави во интервју за А1он,  не поднесе  тужба на решението од  Комисијата за лустрација.

Според законот од денеска па се до 2018 му се забранува вршење на секаква јавна функција.

Исмаил вели дека не сака да гради никаков однос со Комисијата. Работам вели, да падне оваа власт, и новата да направи ревизија на се што е сторено.

Во  Уставниот суд има неколку иницијативи за проверка на уставноста на последната верзија на Законот за  лустрацијата.

За да ја донесе одлуката Уставниот суд побара  мислење од   Венецијанската комисија.

Според наодите на комисијата, како што објави А1он, „лустрацијата во Македонија е дискриминаторска и служи за справување со неистомислениците со власта“.

Уставниот суд најавува дека наскоро иницијативата ќе се најде пред судиите.

Венецијанската комисија има сериозни забелешки и на законот но и на начинот на спроведување на процесот.

Според информациите на А1он, ниту претседателот на Комисијата ќе биде сменет. На Аџиев мандатот му е истечен речиси три години, и сите решенија потпишани од него, ќе треба да станат ништовни.

Погледнете го видеото во кое Исмаил го искажува своето мислење за лустрацијата.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска