Исмаил: Наместо за работниците, парите одат во профит

Од:

Во Македонија често проблемот не е што нема пари, туку вистинското прашање што треба да се постави, особено од страна на синдикатите како работнички организации, е: Каде оди вредноста што ја создава трудот, вели пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил.

Кратко: додека во ЕУ профитот (на приватните компании) учествува со35 – 40 % во БДП, кај нас капиталот зема над 55-60 % удел во националниот доход. Ова не значи ништо друго, освен тоа дека парите се тука, но тие завршуваат во џебовите на газдите, во рентиерите и монополите, а најмалку кај пролетеријатот, односно во нивните плати.

Фискалниот простор за повисоки плати не се создава со симболични жртви, туку со узда врз изворите на нееднаквост. Некои од ваквите политики на краток и среден рок би биле следниве:

– прогресивно оданочување на корпоративниот профит – поголем профит поголема даночна стапка;
– укинување на разните даночни и фискални ослободувања за крупните фирми, особено оние на странскиот капитал во зоните;
– зауздување на банкарските и монополските профити со постепено национализирање на овие сектори, односно на средствата за производство и услуги во вакви сектори;
– данок на луксуз, имот и посебно третирање на рентата сè до нејзино искоренување;
– намалување на разните партиципации, школарини и други скриени трошоци во јавните услуги, вклучително јавен превоз и култура – ова како пример за политика што треба да го олабави товарот на семејниот буџет на работникот.
– воведување прогресивен данок на личен доход и укинување на максималната месечна основица за пресметка и уплата на придонеси, со што највисоките приходи конечно би придонесувале пропорционално во здравствениот, пензискиот и социјалниот систем

Дополнително, ќе си дозволам да одам чекор напред; чекор кон идеолошко дефинирање на синдикализмот, да забележам дека, кога се вели „нема пари“, ретко се мисли на стотици милиони евра за НАТО, на каматите од скапите задолжувања и на геополитичките одлуки и „усогласувања“ што директно го јадат просторот за работнички политики – теми кои за жал речиси никогаш не стануваат дел од синдикалниот отпор. Заклучок: Пари за минимална плата има. Само не кај трудот – туку кај профитот, тврди Исмаил.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира