Исмаил: ДКСК ја урива довербата – постои корупција кај антикорупционерите

Од:

На седницата за пратенички прашања, пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил, упати критики до претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за неактивноста и потфрлањето на институцијата, особено, во случајот со скандалозното назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ.

– Како може ДКСК да тврди дека Христовски не е партиски кадар, кога неговите јавни активности и поддршката за владејачката партија се очигледни? Згора на тоа, неговата диплома е од универзитет со спорна репутација, во сопственост на поранешен градоначалник од истата партија – посочи Исмаил.

Пратеникот од Левица додаде дека назначувањето на Христовски за директор на АНБ било контроверзно по многу основи.

– Значи, почнувајќи од неговата диплома која е прибавена од приватен универзитет каде што се штанцаат дипломи, каде што во програма од четири години се добива диплома за една година, до уште еден поскандалозен момент, а тоа е што тој универзитет е во сопственост на поранешен градоначалник на истата партија, која сега Бојан Христовски го назначува за директор на АНБ – рече потпретседателот на Левица.

Исмаил ја осуди и одлуката на Комисијата да го предаде на истражување предметот за Христовски на член на Комисијата кој има деловни врски со истиот универзитет.

– Да биде уште понелогична ситуацијата, вие назначувате член од вашата комисија да го истражи овој случај за неговата диплома во Универзитетот каде што тој ист член има деловна врска со истиот универзитет – додаде Исмаил.

Пратеникот од Левица потенцираше дека ваквата партизираност на функцијата и пасивноста на ДКСК сериозно го нарушуваат кредибилитетот на институцијата.

Би можело да ве интересира

Левица: На Мицкоски и ДПМНЕ им порачуваме да не се бламираат – имаме кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Струга, а ДПМНЕ коленичи пред Вреди

Мојсоска: Сега е моментот да им се покаже на големите играчи дека „Македонија е подалеку од Групчин“

Пратеникот Јанчев не возел под дејство на алкохол и над дозволената брзина, моторциклот се забил во вратата на автомобилот, објаснуваат од Левица

„Општината е како гасна комора“ – Активисти на Левица делеа маски на театарскиот фестивал во Аеродром

Мециновиќ за пожарот во Трубарево: Колку богатство може да ве насити?

А1он

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ